ЗА НАС · ОД 1999
Лекс Електрик – партнер од доверба
Компанија од Скопје која на пазарот за електро материјали е присутна од 1999 година. Директна продажба, инженеринг и производство на прилагодени разводни системи – на едно место.
година на основање
производи во магацин
овластени светски брендови
области: енергетика, индустрија, осветлување, домување
НАШАТА ПРИКАЗНА
Компетентност и посветеност кон купувачите
Лекс Електрик е компанија со седиште во Скопје, која на пазарот за електро материјали е присутна од 1999 година. Компанијата бележи постојан подем благодарение на својата компетентност и посветеност кон купувачите.
Располагајќи со високо стручен кадар и магацин со над 15.000 производи, нудиме најсоодветно решение за потребите на купувачите – преку директна продажба, како и преку инженеринг и производство на прилагодени разводни системи.
Со постојана определба кон квалитетот и иновативноста, Лекс Електрик е застапник на повеќе реномирани компании од областа на потрошувачката и индустриската електрика.
МИСИЈА
Исклучителни, компетентни и иновативни
Лекс Електрик е кориснички ориентирана компанија која продажбата ја реализира преку директни контакти со корисниците, со цел да ги разбере нивните потреби. Затоа постојано ги следиме технологиите во нашата дејност и развојот на компанијата го градиме преку развој на вработените и работниот амбиент.
ВИЗИЈА
Постојан раст, фокусиран на купувачот
Потпирајќи се на потенцијалите на компанијата и на стратешките партнерства, да обезбедиме постојан раст преку ефикасна продажба и производство фокусирани на потребите на потрошувачите.
ШТО НУДИМЕ
Од производ до готово решение
Над 15.000 производи на залиха во Скопје – од инсталационен материјал до индустриска опрема, со брза достава низ цела Македонија.
Нашите инженери помагаат при избор на опрема, димензионирање и техничка документација за вашиот проект.
Изработка на прилагодени разводни ормари и табли според барањата на купувачот.
ТИМ
Луѓето зад Лекс Електрик
Раководство
Основач и генерален директор
Комерција и инженеринг
Sales Manager
Product Manager – Energy & Industrial Engineering
Product Manager – Lighting
Product Manager – Network Technology
Sales Manager
Sales Manager
Sales Manager
Sales Manager
Sales Manager
Финансии и администрација
Finance Manager
Finance & Administration
Finance & Administration
Маркетинг
Marketing Manager
ОВЛАСТЕН ЗАСТАПНИК
Брендовите што ги застапуваме
Ви треба понуда или совет за проект?
Јавете ни се или пишете ни – нашиот тим ќе ви одговори во најкус можен рок.











